„Светски пикник“ во недела во Градски парк

„Светски пикник“ ќе се одржи во недела од 12 до 15 часот во Градскиот парк во Скопје, во организација на Советот на странски инвеститори во Македонија.

На пикникот ќе може да се вкусат јадења од најразлични кујни од светот, а во исто време ќе има и забава. На настанот ќе присуствуваат странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив.

САД – Хот-дог и пита од јаболка
Австрија – Виенска шницла и штрудла од јаболка
Велика Британија – Фиш енд чипс и пита од јаболка
Грција – Суфлаки и раванија
Белгија – Ќофтиња (битербален) и вафли
Турција ќ Кебаб и баклава
Италија – Пица
Швајцарија – Чоколадна фонтана
Франција – Кроасан
Геманија – Кари вурст

За музиката ќе се погрижи групата South Park, а најмалите ќе уживаат во големиот број игри подготвени за нив. На манифестацијата ќе може да се купат ваучери за симболични 100 денари, со кој се добива еден оброк и пијалак, а собраните средства ќе се донираат во народните кујни.