Светски куп за непризнаени држави

Крајбрежниот регион на Црното Море, кој интернационалната заедница го смета за дел од Грузија, е домаќин на најголемиот фудбалски турнир во својата историја. Станува збор за Светски куп на непризнаените држави, односно држави кои официјално не постојат автономно.

Поддржувачите на Абхазија уживаат на турнирот, нивниот тим победил со 9:0 против островите Чагос.

Резултатот, сепак, е само дел од искуството. За многумина на овој стадион, станува збор за многу повеќе од фудбал. Станува збор за национална гордост и идентитет.

Турнирот е организиран од Конфедерацијата на независни фудбалски асоцијации (CONIFA), која ги претставува националните тимови кои не можат да се приклучат кон ФИФА, светското управно тело за овој спорт.

Пер-Андерс Блајнд, претседателот и коосновач на CONIFA, вели дека се труди да им даде глас на безвучните заедници низ светот.

Има споено многу нации без официјална држава, непризнаени земји, самопрогласени републики, етнички групи и домородни заедници.

„За мене, ова е мировен проект. Имаме мисија да создадеме глобална арена за заборавените луѓе, имаме толку многу членови кои не се признаени низ светот. сакаме да го едуцираме светот за сите различни етникуми и домородни луѓе кои ги има на планетава“.

Пер-Андерс и самиот доаѓа од малцинство, од домородните Сами луѓе од Скандинавија.

Неговиот тим е еден од вкупно 12 на турнирот, меѓу кои се и Курдистан, Северен Кипар, Сомалиленд, Пунџаб, Соединетите Корејци во Јапонија, Западна Ерменија и Секејленд.

За нив, овој натпревар е најголемиот спортски настан во историјата на нивните заедници, а зборот „идентитет“ овде може да се слушне исто толку често колку и зборот „фудбал“.

Харпит Синк, член на Фудбалската асоцијација на Пeнџаб, вели дека се откажал од својата егзистенија за да го финансира тимот, во кој повеќето се британски државјани.

„Мојата визија е да се збогатат луѓето во Пенџаб. Тие на некој начин заборавија нивниот идентитет за тоа кои се. Тие денес се или Британци, Индијци, Пакистанци или Американци. Сакам да ја поттикнам културната свест и да го разбудам изгубениот идентитет“, вели Синк.

Поголемиот дел од учесниците велат дека фудбалскиот турнир нема никаква врска со политика. Но, одлуката за домаќин да биде Абхазија се покажа контроверзно за Грузија. Абхазија беше порано автономен регион во советска република Грузија. Се водеа војни за независност во 1992 и 1993 година, во кои победи. Војната резултираше со раселување на повеќе од 20 000 етнички Грузијци, кои се уште го бараат правото да се вратат.

На меѓународно ниво, Абхазија се уште се смета за дел од грузиската територија. Но, Русија ја призна независноста на Абхазија и сега ја обезбедува со финансиска и воена помош.

Грузиските власти потврдија дека овој турнир не се обидува да ги легитимира абхазијските власти. Но, се заканија дека ќе покренат кривични постапки против оние кои го прекршуваат законот на Грузија за територијалниот интегритет. Тие се заканија дека ќе ги гонат и патниците кои влегуваат во Абхазија преку Русија.

Но, патот од Абхазија до Грузија е тежок и бавен. Патниците имаат избор, или да пешачат еден километар, или да патуваат со запрежна кола преку нерамниот мост. Властите во Абхазија им препорачаа на патниците да одат преку руската патека за да стигнат до турнирот.

За разлика од другиот отцепен регион на Грузија Јужна Осетија, каде треба да се одржи референдум за влез во Руската федерација, Абхазијците сакаат целосна независност.

Долгогодишната изолација и постојаните обиди на Грузија да ги блокира Абхазијците од учество на меѓународни настани, ги раздвои од надворешниот свет. Многумина од нив се уште не виделе Африканци, Сики, или Корејци од Јапонија.

Турнирот е еден вид на културна размена, во која луѓето со различно потекло, но со слични борби наоѓаат утеха во туѓото друштво. Што се однесува на луѓето од Абхазија, овој турнир е исто добар како и вистинското Светско првенство.