Американскиот јавен обвинител Кристофер Порино и Одделението за потрошувачки прашања во Њу Џерси го одбележаа Светскиот ден на заштита на потрошувачите птсетувајќи ги како да внимаваат кога донираат средства при катастрофи, crowdfunding кампањи и други добротворни цели промовирани на социјалните медиумите.
„Со сајтови како што се Фејсбук, Јутјуб и Твитер, милиони корисници среќаваат слики и приказни за човечки страдања, со што поривот да донираат може да стане преголем. Никој не го разбира ова подобро од измамниците”, изјави јавниот обвинител Порино.
„Криминалците се постојано во потрага по начини да ја искористат великодушноста на другите, па сајтовите на социјалните медиуми се одлично ловиштето за нив. Оние кои сакаат да донираат мора да внимаваат на измамниците кои си играат со нивните емоции за профит. ”
„Социјалните медиуми прават полесно да се вплеткате во некоја кауза, без разлика дали тоа е собирање на пари за жртви од катастрофа или финансирање на операција за спас на нечиј живот преку crowdfunding кампања”, рече Стив Ли, директор на Одделението за потрошувачки прашања.
„Пред потрошувачите да ги отворат своите паричници, тие треба да направат некои истражувања за да бидат сигурни дека нивните пари одат за легитимна цел, а не во џебот на криминалец.”
Со цел да не бидат измамени од лажни групи и добротворни организации, корисниците треба да ги следат овие чекори пред донирање:
• Не претпоставувајте дека сите crowdfunding кампањи се легитимни – Кампањите кои се базираат на некаква потреба, на GoFundMe и други лични веб-сајтови, претставуваат приказни од луѓе кои бараат помош за да ги платат ветеринарните сметки, сместување за болно дете или неочекувани проблеми. Пред да донирате на нечија кампања, дадете се од себе да потврдите дека кампањата е легитимна.
• Потврдете ја легитимноста на хуманитарните организации – Осигурајте се дека организацијата на која размислувате да и дадете поддршка е искрена во добротворните цели. Ако не сте сигурни, прашајте за идентификацискиот број на организацијата и потврдите го нејзиниот статус.
• Дознаете како вашите пари ќе бидат потрошени – Дознајте повеќе за мисијата на добротворната организација, и како точно планира да ги искористи вашите пари. Побарајте литература и прочитајте. Искрени добротворни организации ве охрабруваат да поставувате прашања.
• Проверете дали хуманитарните организации се регистрирани – За да се потврди статусот на организацијата, може да се провери во Централниот регистар.
• Внимавајте на апелите по случена катастрофа – Кога ќе се случи трагедија, луѓето се желни да донираат пари за да им помогнат на жртвите. Измамниците се брзи за да заработат од ова. Бидете особено внимателни кога одговарате на е-мејл и телефонски апели за собирање пари за жртвите на неодамнешна трагедија. Овие методи на измама често се користат од страна на измамници кои сакаат брзи пари.
• Избришeте ги несаканите е-мејлови кои бараат донации – Не ги отворајте прикачените фајлови на мејловите, дури и ако тие тврдат дека содржат видео или фотографии. Тие може да содржат вируси со кои ќе украдат лични податоци од вашиот компјутер.
• Избегнувајте донации со кеш ако е возможно – Плаќајте со кредитна картичка директно до добротворната организација.
• Проверете дали онлајн донациите се безбедни – Онлајн трансакциите може да бидат пресретнати од страна на хакери и крадци на идентитетот. Бидете сигурни дека вашите придонеси се случуваат преку безбеден веб-сајт, гледајќи ја „https: //“ врската во полето за адреса. Направете онлајн трансакции само откако сте убедени дека добротворната организација е легитимна.
• Бидете внимателни при обезбедување на лични или финансиски информации – Дури и кога донирате на добротворни организации за кои сте потврдиле дека се легитимни, информациите кои ги доставувате треба да се ограничени на она што е потребно за да се процесира вашата донација.