Светска банка: Дури 50,80 проценти од младите во Македонија се невработени

Светската банка објави интерактивна мапа на која е прикажано каде во светот има најголема стапка на невработеност меѓу младите.

Според мапата, во Македонија дури 50,80 проценти од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се невработени.

Една третина од 1,8 милијарди млади луѓе во светот моментално не се ниту вработени, ниту учат или студираат, ниту се обучуваат.

Од повеќе од една милијарда луѓе кои ќе влезат на пазарот на сила наредната деценија, само 40 посто се очекува дека ќе успеат да најдат работно место кое сега постои.

Глобалната економија ќе мора да создаде 600 милиони работни места во наредните 10 години, за да успее да се справи со стапките на невработеност меѓу младите.