Светска банка: 53 % невработеност кај младите во Македонија

Светска банка: 53 % невработеност кај младите во МакедонијаДури 53 проценти од младите на возраст од 15 до 24 години во Македонија се невработени, се наведува во последниот извештај на Светската Банка.

„Земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги апсорбираат новите кадри во пазарот на трудот. Всушност, ситуацијата со работните места е полоша од она што го говорат бројките, бидејќи многу од младите го напуштаат регионот за да работат на друго место“, се вели во извештајот.

Просечната вкупна невработеност во земјите од регионот во четвртиот квартал од 2012 година изнесувала 22.8 проценти.

„Креирањето повеќе и подобри работни места бара мулти-секторска политичка агенда, која ќе ги надмине традиционалните мерки и регулации на пазарот на трудот“, вели Ивон Циката, директор во Светска Банка за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент.

Истовремено, Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека бројот на дипломирани во Македонија, во 2012 во однос на 2011 година е зголемен за 6 проценти.