Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“ чија цел е подигање на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите.

Светот во мало -  мултикултурен ден на УИНТ

На мултикултурниот ден повеќе од 20 претставници ги презентираа своите традиционални обичаи, јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. На настанот беа присутни студентите и професорите на Универзитетот од Италија, Монголија, Индонезија, Нигерија, Индија, Гана, Кина, Камерун, Турција, Молдавија, Шри Ланка, Египет, Танзанија, Пакистан и Виетнам, претставувајќи го културното различје кое е дел од секојдневието на УИНТ.

uist cultural day 2

„Пред се, огромна чест и задоволство е да се биде дел од една прогресивна институција како Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, која на своите меѓународни студенти им овозможи да го претстават своето културно наследство во рамките на еден уникатен настан, портретирајќи го светот како глобално село. Се надевам дека оваа иницијатива во иднина ќе прерасне во традиционална манифестација, која ја заслужува нашата и ваша поддршка,“ изјави Емануел Дукер, студент од Гана, Африка.