Светот на технологијата не е „машка“ работа

На 11 и 12 април се оддржа Rails Girls работилница во Скопје. Учество земаа 30 девојки од кои една третина имаат искуство со други програмски јазици, некои само со основни познавања, но и сосема почетници, меѓу кои и средношколки. За девојките да добијат соодветно внимание, своето време го волонтираа 12 ментори, пишува Нова ТВ.

Светот на технологијата не е „машка“ работа

Николина Спирковска која живее во Чикаго е главен иницијатор на дводневната интензивна работилница. Таму првпат учествувала и сакала своето искуство да го донесе во Македонија.

– Во Чикаго работам работам во тим во кој сум единствена девојка, а многу би сакала да работам со повеќе девојки. Завршив Психолигија на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а средно училиште во Корчагин. Иако се чувствував некомпетентна за тој машки свет, и се држев настрана од технологија, се додека не ми беше дадена шанса да бидам дел од ваква работилница која ме внесе во овој свет, вели таа за Нова.

-Со ваквите работилници, сакаме да ги поттикнеме деојвките кои се сега во средно и кои допрва треба да ја бираат својата професија да се занимаваат со технологија, зошто понекогаш само поттикот е доволен, а недостасува, додава Спирковска.

Василија Јовчевска(средношколка „Јосип Броз – Тито“ Скопје)

-За работилнцата дознав од училиште, не информираше професорката. Земав учество затоа што сакам да се занимавам со информатика и сакам да се запишам на ФИНКИ, и ме влече технологијата. Има многу малку девојки меѓу моите врснички кои се заинтересирани за технологијата, се смета за машка професија. Затоа што на училиште учиме само основни работи, сакам да ги продлабочам своите знаења. Ваквите работилници ми помагаат многу, стекнав искуство со Ruby, сретнав и се поврзав со многу луѓе кои студирале и работат во полето, и видов примери кои ни покажаа дека не треба да се плашиме да влеземе во светот на технологијата ако сме девојки, вели таа.

Rails Girls е глобална иницијатива која преку работилници кои се фокусирани околу изучување на Ruby on Rail, цели да ја отвори технологијата за поголемо женско учествто. Викендите како овој во Скопје на 11 и 12 април се одржуваат секаде во светот, со помош на локални спонзори и локалната заедница.

Извор: Нова ТВ