Светот на Imgur ја виде мизеријата во студентскиот „Гоце Делчев“

И светот дозна за лошите услови во кои живеат студентите во домот „Гоце Делчев“, откако фотографиите од домот кои ги објави студентската иницијатива „Операција студентски дом“, денеска беа поставени на Imgur.

Триесетината фотографии, заедно со оригиналните појаснувања, предизвикаа интерес, но и бројни коментари кај посетителите на Imgur, кои имаат бројни прашања, од тоа каде се наоѓа Македонија, дали е легално да се издаваат соби во ваков дом, па се до тоа зошто студентите не ги земат работите во свои раце и не го реновираат објектот.

„Да, ова е студентски дом, и да, во него живеат 1200 студенти“, се наведува во објаснувањето на фотографиите.

За 12 часа, има повеќе од 500 коментари за мизеријата во студентскиот „Гоце Делчев“. Сите коментари може да ги прочитате директно на Imgur, или поголемиот дел од нив на сликата подолу:

Yes  this is a student dormitory  and yes  there are 1200  students living in it as we speak.   Imgur