Светот го слави Меѓународниот ден против хомофобијата

Додека светот го одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (IDAHOT) на 17 мај, ЛГБТК заедницата стои соединета, облечена во боите на виножитото, чекајќи за своите права, пишува First Post.

Иако 30 земји го имаат легализирано истополовиот брак, 75 држави се уште ги криминализираат ваквите врски, од кои 10 ги казнуваат со смртна казна, според Human Rights Campaign, организација за заштита на граѓанските права на ЛГБТК заедницата во САД.

Под вакви услови, императив е светот да покаже солидарност преку признавање на насилството и дискриминацијата со кои заедницата се уште се соочува, како и преку славење на напредокот.

IDAHOT се слави секоја година на 17 мај, во чест на одлуката на Светската здравствена организација да ја декласифицира хомосексуалноста како ментално пореметување во 1990. IDAHOT беше официјално прогласен за меѓународен празник во 2004 година.

Во САД, каде истополовиот брак беше легализиран во сите држави во 2015 година, ЛГБТК заедницата се уште се соочува со критики од христијанските конзервативци и религиозните фанатици.

Во меѓувреме, претседателот на Канада, Џастин Трудо, денес најави дека ќе воведе закон за права на трансполовите лица кој ќе обезбеди комплетна заштита на трасполовите луѓе.

„Мора да продолжиме да бараме вистинска еднаквост“, изјави Трудо. „Мора да продолжиме со наследството на оние кои се бореле за правда со тоа што ќе бидеме храбри и амбициозни во нашите акции, и мора да работиме посветено да го затвориме јазот меѓу нашите принципи и нашата реалност“.

Прогрес има и во други делови од светот. Во Австралија, Бризбејн планира да го направи истополовиот брак легален. Во Британија, Дејвид Камерон вети дека ќе ги подобри ЛГБТ правата и дека ќе се забрза процесот на правење на PrEP, лек кој превенира инфицирање со ХИВ, достапен за сите. Камерон ги откри овие планови пред претставници на ЛГБТИ заедницата во својот дом на Даунинг Стрит.

„Со растечката свесност за проблемите со кои се соочува ЛГБТ заедницата, јавноста почнува да подлабоко да ги разбира значајните проблеми“, пишува во официјалното обраќање на Комитетот на IDAHOT. „Иако во последните години е направен голем прогрес, се уште има многу работи кои треба да се подобрат. Менталното здравје и добросостојбата се две области ан фронтот на прогресот кон еднаквост“.

Преку глобалниот фокус за 2016 година и деталниот план, Комитетот сака да охрабри значајни дискусии за прoблемите како патологизација, стигматизација и физчко и ментално здравје на заедницата.

Настрана од земјите кои прават значајни политички промени, индивидуалците исто така прават што можат преку протест против репресивните системи. Во Хунан, Кина, геј пар поднесе судска тужба минатата година, барајќи да стапат во брак. За изненадување, локален суд пресуди во нивна корист. Сепак, бидејќи Кина се уште го забранува истополовиот брак, судија ја укина претходната пресуда. И покрај пресудата, парот планира да одржи свадбена церемонија во парк денес.

Повеќе од 120 земји и милиони поединци денес го слават овој ден, преку прајд паради, протести, забави и прикажувања на филмови. Сепак, борбата продолжува, пишува First Post.

Извор: First Post/dayagainsthomophobia.org