Свето Трето Женско – филмски вечери во МКЦ

Тiiiit! Inc. и радиостаницата 103ка, го организираат настанот „Свето Трето Женско“ што ќе се одржува од 5-ти февруари во Младинскиот културен центар. Во три филмски вечери, ќе се прикажуваат 9 филмови на 9 режисерки со 3 дискусии по филмовите со авторките и со важни познавачи на филмот, проследени со 3 DJ сетови на девојки од 103ка.

„Статистиката на светско ниво вели дека само 16% од сите активни филмски режисери, продуценти, писатели, кинематографери и монтажери денес се жени. Од друга страна, за прв пат во историјата на иднината на македонската кинематографија, класата по филмска режија на ФДУ во Скопје е женска класа. Дури 4 од 6 студенти се девојки, кои за пар години ќе им се придружат на 5те филмски режисерки кои таму дипломираа во изминативе 5 години“, се вели во описот на официјалната Фејсбук страна на настанот.

Притоа, на настанот ќе се одржи и fund raising за третото издание на фестивалот „Прво па женско“ што ќе се одржи од 06-08 март во МКЦ.