Светло, камера, акција – викендов „Кавадарци снима“

Од 19 петок до 21 октомври во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе се одржи настанот „Кавадарци снима“.

 

 

На него, со режисерот на филмот „Avec L’amour“, и здружението „Кажи кога“, учесниците ќе имаат можност да учат како се снима со камера и како да се раскаже видео приказна. Сите заинтересирани треба да резервираат место на kazikoga@gmail.com.

Присутните ќе дискутираат, гледаат филмови и ќе снимаат. Да го раздвижиме духот на младите и на Кавадарци, порачуваат организаторите.