Свет јапонски остров каде жените се забранети стана културно наследство на УНЕСКО

Светиот јапонски остров каде жените се забранети, доби статус на културно наследство на УНЕСКО.

Окиношима е дом на светилиштето Окицу од 17 век, кое некогаш се користело за молитви за безбедност на море.

Објектот се протега на 700 метри квадратни, а е лоциран во југозападна Јапонија. Ќе се придружи на 20 други културни и природни локации кои се веќе признаени од културната агенција на Обединетите нации.

Окиношима, заедно со уште три блиски гребени и четири други поврзани локации, го доби признанието на годишното собрание на ОН во Краков, Полска.

Минијатурното, отсечено островче е преполно со богатство, бидејќи се оставени повеќе од 80.000 подароци на Шинто боговите на морето, од бројаници до мечови. Местото служело и за размена на стоки меѓу Кореја и Кина од четвртиот до деветтиот век.

Денес, само машки свештеници од Мунаката Таиша, група на Шинто светилишта, имаат дозвола да влезат во храмот на островот.

Дополнително, околу 200 мажи смеат да го посетат еднаш годишно, на 27 мај. Таму им даваат почест на морнарите кои починале во блиска поморска битка, во текот на Русо-Јапонската војна.

Следејќи ги строгите правила, тие се соблекуваат голи и изведуваат ритуал на прочистување, пред да стапнат на островот. Кога си заминуваат, не смеат да земат ништо со себе, ниту пак да зборуваат за патувањето.

На жените им е забрането да го посетуваат островот поради Шинто традициите, иако оригиналната причина за забраната не е јасна.