Свечено отворање на меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ во Струга

Со концерт на летната сцена кај хотелот „Бисер“ во Струга синоќа беше отворен меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2015.“

На отворањето настапија дел од младите младите пејачи, танчери и инструменталисти кои пристигнаа од Франција, Русија, Полска, Белорусија, Израел, Малта, Македонија. За вечерва е најавен концерт на Славјански песни и танци, а утре е Вечерта на француската култура.

Натпреварувачите ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика (8.8.2015) и естрада, кореографија, фолклор(10.8.2015) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Наградата Гран при на победникот ќе му донесе парична награда, статуетка и оригинални охридски бисери.

На 11 август ќе се одржи доделувањето на наградите, по што е најавен Гала концертот на „Езерски бисери 2015“ на кој ќе настапат најдобрите учесници, информираат од фестивалот.