Свечен настан на Ромскиот образовен фонд на Правниот факултет

Ромскиот образовен фонд/Програмата за стипендирање организира свечен настан и две работилници кои ќе се одржат на 7 ноември (петок), со почеток во 13:00 часот, во Свечениот амфитеатар 1 на Правниот факултет„Јустинијан Први“ во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат 110 стипендисти – студенти, високи претставници на Ромскиот oбразовен фонд од Будимпешта, Унгарија, претставници на меѓународни институции и на домашни невладини организации.

Гала настанот во Македонија се организира по втор пат со цел да им се даде јавно признание на Ромите стипендисти за нивниот академски успех и да се зголеми свесноста за програмата за стипендирање.

Работилниците, кои ќе се одржат по Гала настанот, ќе бидат на следниве теми:

– Работилница 1: „Ромскиот идентитет – дилеми и следни чекори“
– Работилница 2: „Пазарот на труд: знаењето како интеграциска алатка“.

Ромскиот образовен фонд/Програмата за стипендирање доделува стипендии за студенти Роми на додипломски, последипломски и докторски студии кои студираат во државни и акредитирани универзитети во: Албанија, Боцна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Русија, Словачка, Турција и Украина.