„Suuns“ на 11 април ќе настапуваат во МКЦ  

На 11 април во МКЦ ќе се одржи концерт на еден од највозбудливите бендови во живо – „Suuns“.

„Бенд кој постојано бара нови граници за кршење. Резутат од новиот албум – ‘бенд кој звучи како уметност од Bauhaus; прецизни и игриво тоталитарни, шарени и фрустрирани’“, се вели во најавата за концертот.

„Никако, ама никако, не пропуштајте концерт на SUUNS во вашиот град!“, дополнуваат од МКЦ.

Составот „Scattered Clouds“ се на турнеја, па на 11 април во МКЦ ќе бидат поддршка за „Suuns“.

Билети од 300 денари во претпродажба можат да се набават на билетарница на МКЦ или online преку bileti.mkc.mk.