Сурово заврзан тигар од загрозен вид во кинески циркус за публиката да се слика со него

Обучувачи во кинески циркус беа прикажани на видео како врзуваат тигар на маса за посетителите да седнат на него и да се фотографираат.

Видеоснимката, која достигна над 90 000 прегледи, а првично беше објавена на кинеската платформа за споделување видеа iQiyi, покажува дека тигарот прво е врзан на метална маса.

Деца и возрасни потоа се поредуваат и седнуваат на неговиот грб, позирајќи за своите фотографии.

Во еден дел од видеото, е прикажано дете како вели дека се плаши да се доближи до животните, но еден од обучувачите одговора на тоа со: „Зарем не е кул да се седи на тигар? Тоа може да ве заштити од ѓаволот и да добиете напредок и богатство.”

Чинот да се седи на тигар често се поврзува со Богот на богатството во Кина, кој е прикажан како седи на животното.

Сепак, тоа наиде на осуди кај кинеските интернет корисници, кои изразија сочувство за животното.

„Кутриот тигар. Човечката раса е премногу сурова”, напиша корисник на iQiyi.

„Не можете да заработите многу од тоа, а сепак сте му создале толку многу болка на животното, дали мислите дека вреди? ” с вели во друг коментар.

Според снимките, станува збор за сибирски тигар, кој е на работ на изумирање со само 540 животни во дивината.