„Супермесечината“ над Скопје

Скопското астрономско друштво на својата Фејсбук-страница ги објави овие прекрасни фотографии од „супермесечината“ над Скопје, направени од членови на друштвото.

Фото: Мартин Стојановски

Фото: Мартин Стојановски

Оптичкиот ефект е визуелно најистакнат 2014 година, затоа што полната Месечина, поради елиптичноста на нејзината патека, овој пат поминува многу поблиску до Земјата од вообичаеното (на само 356.955 км, во однос на просечните 384.400 км). Заради тоа, овој викенд полната Месечина изгледаше за 14% поголема и околу 30% посветла од вообичаено. Убавата глетка, доколку бидат поволни временските услови, ќе може да се набљудува и вечерва и утревечер. 

„Супермесечината“ над Скопје

фото: Александар Алексов

фото: Горан Петров

фото: Горан Петров

фото: Горан Петров

фото: Горан Петров