Супермаркети во Канада ќе започнат да ги донираат производите што останале по промотивните акции, на банките за храна. Оваа акција доаѓа по успешните резултати од пилот шемата што се воведе во 2013 година.
Се очекува повеќе од 600 продавници во провинцијата Квебек да се вклучат во програмата, а да се обезбедат речиси 14 илјади тони храна годишно.
Ова е прва ваква акција во државата, предводена од мрежата на банки за храна во Квебек.
Хуманитарните организации велат дека ефикасните методи за дистрибуција на шемата ќе им овозможи на повеќето банки за храна да понудат свежо месо на луѓе кои не можат да си дозволат да го купат.
Намалувањето на количината на отпад од храна фрлен во депонија, ќе придонесе и за почиста животна средина.
Приближно 5 милиони луѓе во државата, или еден од седум луѓе, живеат во сиромаштија, покажува последниот извештај на хуманитарната организација „Канада без сиромаштија“.
Теориски, пак, има доволно храна во државата за сите, така што околу 25 милијарди фунти се трошат годишно на храна.
Малите хуманитарни организации, исто така, се борат да соберат и редистрибуираат доволно храна, пред таа да биде фрлена.
„Ние имаме доволно храна во Квебек за сите, ајде да не ги фрламе работите“, изјави Сем Ватс, извршен директор на организацијата „Welcome Hall Mission“.
„Ајде да го поправиме тоа што можеме да го поправиме и да се потрудиме тоа да стигне до луѓето кои имаат потреба“, рече тој.
Според него, супермаркетите сакале да помогнат, но не знаеле како пред да започне пилот проектот кој првично функционираше во околината на Монтреал и Квебек, како обид да се донира непродаденото месо на банките за храна.
Доминик Англејд, министерот за економски развој, иновации и извоз на Квебек, го опиша ова како „вин-вин“ ситуација.
„Навистина им дозволува да ги организираат донациите на подобар начин“, изјави министерот.
Тој рече дека бидејќи фрлањето на храна во депонија има негативно влијание врз животната средина, но и врз социјалната, организациите што се борат против климатските промени добиваат значителна поддршка.
Група која работи со рециклажа, „Recyc-Quebec“ понуди да ја спонзорира програмата со 395 200 долари.
Во оригиналниот пилот проект биле вклучени 177 супермаркети, кои собрале 2 500 тони храна вредна речиси 20 милиони долари.