Суперхерои се борат против стереотипите во првиот ЛГБТИ стрип

Стрип со исклучиво ЛГБТИ суперхерои, именуван The Pride, ќе биде објавен наскоро, после успешна Kickstarter кампања.

Централната приказна на Pride се одвива околу протагонистот FabMan, кој решил дека му е доста од лошото претставување во медиумите и третманот на ЛГБТИ суперхероите и решава да формира сопствена група на суперхерои.

Во тимот на FabMan се Wolf, Muscle Mary, Twink, Bear, Frost, Angel, White Trash и Cub, кои заедно се борат за правда и диверзитет.

Сепак, групата суперхерои се соочува со лош одговор.

„Групата се соочува со опозиција од Дивизијата за правда, поагресивен нивен приказ во медиумите, а се и искористени од злобниот Свештеник“, пишува во воведот.

Британецот Џо Глас, автор на стрипот, ја лансирал Kickstarter кампањата за да собере средства за да произведе голем тираж на акциониот стрип, со цел да ја зголеми свесноста на ЛГБТИ заедницата.

„The Pride го правев од сè срце долго време и поддршката на фановите и заедницата е неверојатна“, вели Глас за Mashable.

„Се надевам дека ќе направиме нешто навистина посебно со оваа кампања и ќе ја донесеме книгата до уште повеќе луѓе низ светот“, додава.