„Супер студент“ – прво студентско шоу на платото пред УКИМ

„Супер студент“ - прво студентско шоу на платото пред УКИММладински образовен форум утре на платото пред УКИМ и во четврток на платото кај Машински факултет, од 11 часот го организира првото студентско шоу наречено „Супер студент“, заедно со водителот Огнен Јанески.

Во импровизираното студио ќе се зборува за голготите со кои се соочуваат македонските студенти и за скриените патчиња на факултетските лавиринти.

Присутните на настанот, ќе имаат можност да ги кажат проблемите со кои се соочуваат како академски граѓани, но и да понудат интересни креативни решенија за подобро обазование.

Воедно, ќе биде поставено и стрип пано, пред кое заинтересираните ќе може да се фотографираат како студентски лидер, но и да испишат порака, што би направиле ако се дел од студентската организација која е претставник на сите студенти.

За сите оние кои не се плашат да говорат и кои имаат што да кажат на оваа тема, ќе бидат поделени торбички и маички со креативни натписи.