Супер Скопје – низа музички настани летово во главниот град

Под мотото „Супер Скопје“, секој викенд на различни локации жителите и посетителите на Скопје ќе имаат можност да проследат голем број  на концетри и други културно-уметнички настапи.

Низата музички настани „Супер Скопје“ ќе започне на 7 август, со отворање на 10-то, јубилејно издание на Пиволенд на Скопското кале кога веќе е најавен настапот на белградскиот состав С.А.Р.С . На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, во чии рамки ќе се одржат голем број забавни и музички настани. Викендот на 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, а следниот викенд пак забавата се сели во Старата Скопска Чаршија. На 1 и 2 септември музички настан ќе биде организран на улица Македонија, додека на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало.

Од Град Скопје соопштија дека ќе биде поднесена и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти да се продолжи за еден час.