Супер моќните „Placebo“ во јули доаѓаат во Скопје

По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година која ги опфаќаше и Скопје и Македонија,  Авалон Продукција го потврди доаѓањето на еден од најпознатите рокенрол бендови во овој век „Placebo“, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.

Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“ како најава за новиот албум, потврдено е и гостувањето на „Placebo“ во Скопје.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок по цена од 1500 денари за партер и 1990 денари за фан пит (само 1000 влезници во продажба).

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

Од Авалон најавуваат дека со објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година.