Вчера во Хонгконг беше пуштен супер-брз воз, како што го најавија во локалните медиуми, со кој наместо за еден час како досега, линијата долга 26 километри ќе се минува за само 14 минути.
Возот се движи од Хонгконг кон континенталниот дел на Кина. Изградбата на системот траела повеќе од осум години и чинела десетици милијарди долари.
Со новиот воз дневно ќе может да се превезат 80 илјади патници од финансискиот центар на Азија, кој има седум милиони жители, до центарот за производство, провинцијата Гуангдонг.