Summerjam – триесетто издание на „вечниот” реге фестивал

Триесеттото издание на „вечниот” реге фестивал Summerjam годинава ќе се одржи од 3 до 5 jули. Како и секоја година, локацијата на фестивалот е на брегот на езерцето Фулингер, во близина на германскиот град Келн.

Summerjam е познат по настапите на актуелните, но и легендарни реге и денсхол бендови и артисти. Оваа година, во текот на трите дена на двете главни сцени ќе настапат повеќе од 40 артисти. Damian Marley, Nneka, Groundation, Steel Pulse, Popcaan, Protoje, Patrice, Tarrus Riley, Beres Hammond, легендарниот хип-хоп артист Wyclef Jean, како и домашниот Patrice, се само дел од имињата кои ќе ја забавуваат реге публиката од Европа и светот.

По завршувањето на програмата на главните сцени, забавата се сели на денсхол арената, каде што позитивните вибрации ќе се шират од раните утрински часови. Најдобрите германски саундсистеми како Jugglerz, Pow Pow и Sentinel се „домаќините”на фестивалот, а како интернационални гости кои ќе настапат на денсхол арената се најавени легендарниот англиски селектор David Ram Jam Rodigan и Mungo’s Hi Fi од Шкотска.

Vremenski Patnici – Summerjam Festival by Radio Mof Music on Mixcloud