СУГС „Здравко Цветковски“ освои петто место на натпревар во Италија

СУГС „Здравко Цветковски“ како главен координатор во Македонија на проектот за мир и оваа година учествуваше на Годишното собрание во Италија и во конкуренција од деведесетина училишта го освои петтото место.

Како што информира Град Скопје, настанот годинава се одвиваше во Лињано, мало приморско гратче, а учествуваа училишта од Италија, Германија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и други.

Темата на Годишното собрание беше интернет насилство. Средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап подготвен од менторот, професорката Каролина Ивановска, а музиката ја подготви Горан Богданоски од групата 21:00.

За целогодишната работа училиштето доби специјална пофалница за успешно организирани и спроведени хуманитарни и еколошки акции и настани.