Судот се премисли, Јутјуб во Турција останува блокиран

Пристапот до Јутјуб во Турција сепак ќе остане блокиран, ретерираше денеска турскиот суд. Ваквата одлука доаѓа по вчерашната најава за повлекување на забраната со образложение дека со неа се кршат човековите права и слободи.

Судот се премисли, Јутјуб во Турција останува блокиран

Според турскиот весник „Хуриет“ ,  судот подоцна ја променил одлуката соопштувајќи дека забраната останува во сила се додека од страницата не биде симната аудио снимката на која наводно турски безбедносни претставници разговарааат за Сирија.

Уставниот суд претходно ја симна забраната на Твитер, воведена од турските власти на 20 март. Укинувањето на Твитер беше остро критикувано од меѓународната заедница, а наиде на силен отпор пред се помеѓу младите во Турција.