Студио од Македонија работеше на филмот „Херкулес“

Филмот „Херкулес” на Брет Ратнер, од денеска премиерно ќе се прикажува во Скопје. На спектакуларните ефекти на филмот, кој се очекува да стане новиот холивудски летен блокбастер, беше ангажирано и македонското студио ФХ3Х како дел од тимот на Method Studious.

Студио од Македонија работеше на филмот „Херкулес“

Како што информираат од ФХ3Х, проектот траеше два месеци и на него работеше тим од 15 артисти.

Во филмот, ѕвездата Двејн Џонсон во својата улогата на мистичен херој и син на Зевс се подготвува да го спаси светот од наследниците на Хадес, пренесе МИА.

„Без оглед колку си брз, без оглед колку можеш да издржиш, ѕверот ќе те следи. Човекот не може да избега од сопствената судбина, Херкулес“, се зборовите од трејлерот за филмот. Во интензивната акциона сторија, полубогот Херкулес се бори со лав, триглаво водно чудовиште и воедно, води битка да ја открие суштината на сопственото егзистирање.

Филмот ќе започне со прикажување вечер во 20 часот во кината Синеплекс и Милениум, еден ден пред американската премиера.