Студио „Гибли“ откри дел од реквизитите во забавниот парк посветен на своите анимирани ликови

Минатата година, студиото „Гибли“ соопшти дека во процес на изградба е забавен парк посветен на омилените „Гибли“ ликови. Познатото студио за анимација најави дека паркот ќе биде отворен во 2022 година, а пред извесно време оттаму го открија изгледот на дел од реквизитите.

Студио Гибли

Во паркот е изградена копија на волшебниот, движечки замок од „Движечкиот замок на Хол“, филмот на Хајао Мијазаки од 2004 година. Во склоп на паркот ќе има и изложбен простор и театар.

Освен копијата на движечкиот замок, во паркот ќе има и инсталација од селото на принцезата Мононоке, – „Ајронтаун“, која што сè уште е во изработка. Во 2023 година, во паркот ќе има и инсталации инспирирани од филмовите „Princess Mononoke“ и „Kiki’s Delivery Service“.

Селото на принцезата Мононоке – Студио „Гибли“

Извор: Dazed Digital