Студио „Гибли“ ја одбележа новата година со илустрација посветена на коронавирусот

Како дел од годишната новогодишна порака, познатото студио „Гибли“ сподели уникатна илустрација за коронавирусот, заедно со порака до сите обожаватели.

Илустрацијата, која е нацртана од познатиот Хајао Мијазаки, беше објавена на „Твитер“ профилот на студиото. На неа, прикажана е новата 2021 година, како гази врз коронавирусот кој носи и маска.

Во пораката, „Гибли“ им се заблагодари на обожавателите поради срдечната поддршка и им ја честиташе новата година.

„Минатата фодина имавме повеќе шанси од вообичаеното да оствариме дијалог со сите вас преку телевизорите, преку новиот серијал на Горо Мијазаки – „Ервик и вештерката“, со репризирањето на четири наши филма вклучувајќи го и „Спиритед Авеј“, со дистрибуцијата на мирните слики и зголемена дигитална дистрибуција на глобално ниво. Во свет во кој изолацијата поради коронавирусот продолжува, се надеваме дека барем малку ќе ве насмееме“, велат од студиото.

Пораката имаше и приватна нота бидејќи овој јануари илустраторот Мијазаки наполни 80 години, па во неа не беше изоставен фактот дека уметникот е во добро здравје и секојдневно работи на новиот филм „Како живееш“.

Премиерата на „Како живееш“ – првиот филм по пензионирањето на Мијазаки, нема да се одржи уште неколку години, но студиото го заврши својот проект, серијалот „Ервик и вештерката“, кој е наменет за телевизија.

Извор: Dazed & Confused