Студи Гибли објави дека ќе гради нов тематски парк, базиран на анимираниот филм на Хајао Мијазаки од 1988 година, „Мојот сосед Тоторо“.
Деталите за новата градба, која наводно ќе се протега на 500 ари од Нагоја Експо паркот, каде веќе има реплика од куќата на Сацуки и Меи од филмот, се засега непознати.
Сепак, во паркот во целост ќе биде создаден светот на Тоторо. Тематскиот парк ќе биде досега најголем ваков проект на познатото студио за анимирани филмови.
Паркот ќе се отвори во 2020 година, а дотогаш обожавателите на филмовите на Гибли и Мијазаки, можат да ги посетуваат Гибли Музејот во Митака, Јапонија, или да се возат на познатиот „мачка-автобус“ кој го има во „Мојот сосед Тоторо“.