Студијата за вакцината против коронавирус на Оксфорд даде успешни првични резултати

Надежите за стопирање на пандемијата се зголемени откако експерименталната верзија на Оксфордската вакцина се покажа како безбедна и генерираше силен имунитетски одговор кај луѓето кои волонтираа за испитувањето.

По засиленото истражување, професорката Сара Гилберт од Институтот „Џенер“ на Универзитетот Оксфорд, изјавила дека е среќна со првичните резултати кои покажале добар имунолошки одговор по единечна доза од вакцината.

„Среќни сме да изјавиме дека вакцината ги задоволи нашите очекувања. Искусни сме со користењето на оваа технологија за креирање на други вакцини, па очекувавме процесот да се одвива по одреден терк. Тоа и го засведочивме“, истакнала така за „Гардијан“.

Британскиот премиер Борис Џонсон, нагласил дека резултатите се „позитивни вести“, додавајќи дека не постојат гаранции и сѐ уште се потребни понатамошни испитувања, но според него ова е чекор во правилната насока. Џонсон беше еден од политичарите кој заболе од Ковид-19 за време на првиот бран од пандемијата.

Секретарот за здравство, Мет Хенкок, изјавил дека резултатите од вакцинацијата се охрабрувачки вести.

„Ние веќе нарачавме 100 милиони дози од вакцината и се надеваме дека таа ќе биде успешна“, соопштил тој.

Гилберт и нејзините колеги во една прилика истакнале дека вакцината ќе биде готова до септември, но од оваа перспектива тие се изјасниле дека сѐ уште не знаат кога вакцината би била готова за комерцијална употреба.

Карантинот кој во Велика Британија беше воведен во втората половина на март го преполовил бројот на новозаразени случаи, но ваквото стопирање на активностите, меѓудругото го стопирало и тестирањето на вакцината.

Прелиминарните резултати кои во понеделникот биле објавени во академското медицинско списание „Лансет“, се врз база на испитани 1000 здравствени волонтери. Половината од нив ја добиле новата вакцина, додека другата половина била вакцинирана со вакцина за менингитис. Ефектот на вакцината бил измерен според присуството на антителате и „Т-келии“ кои ги генерирала во крвта на волонтерите.

Како се тестираат вакцините?

  • Во пре-клиничката фаза на тестирањето, истражувачите ја даваат вакцината на животни за да видат дали таа ќе предизвика имунолошки одговор.
  • Во првата фаза во клиничкото тестирање, вакцината е дадена на мала група на луѓе за да се тестира нејзината безбедност и притоа да се проучи имунолошкиот одговор кој таа го создава.
  • Во втората фаза, вакцината е дадена на стотици луѓе за научниците да можат да ја истражат безбедноста и точното дозирање.
  • Во третата фаза, вакцината е дадена на илјадници луѓе за да се потврди безбедноста, во која спаѓаат и ретките нуз појави, но и ефективноста. Во ваквите тестирања инволвирана е и контролна група на која е дадено пласибо.

„Резултатите се важни за конечниот исход на вакцината. Тие покажаа дека таа е толерантна, и кај неа може да се забележи имунолошкиот одговор на кој се надевавме. Тука спаѓаат антителата и одговорите на „Т-келиите“, кои при тестирањето врз животните, реагираа како оние кои се асоцијативни за заштита“, истакнал водечкиот научник на студијата, професор Ендрју Полард.

Според него, проблемот е што сѐ уште не се знае кое ниво на заштита е потребно при сретнувањето со овој вирус во дивината, па потребни се клинички испитувања за да се увидат и таквите резултати.

Извор: Guardian

На 76-та седница на Владата на Северна Македонија беше усвоено приклучувањето кон „Ковакс“, глобалната набавка на вакцини за Ковид-19,  од „АstraZeneca“ на која работи Универзитетот „Оксфорд“.

Владата на С. Mакедонија на седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19, преку „Ковакс“ механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за Ковид-19, и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон „Ковакс“ механизмот и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Европските држави потпишаа договор за вакцина против коронавирус, С. Македонија се приклучува преку „Ковакс“ механизмот