Студија покажа дека нелегалната сексуална работа носи повеќе насилство и болести отколку кога би била декриминализирана

Студија покажа дека земјите во кои сексуалната работа е нелегална често се соочени со насилство и зарази со сексуални болести, вклучувајќи ХИВ, објави објави експертски тим, повикувајќи на легализација на сексуалната работа.

Голем број држави не се сложни околу легализацијата на сексуалната работа. Некои забрануваат, вклучувајќи ги вклучувајќи ги Шведска и Канада каде ги казнуваат клиентите, а останатите како Германија и Нов Зеланд, ја легализираа или целосно да декриминализираа сексуалната работа.

Меѓународен тим експерти ги анализирал ефектите на различните закони врз сексуалните работници, во прво такво истражување досега, и утврдил дека репресивните политики го зголемуваат ризикот за безбедноста и здравјето.

„Таму каде што сите или некои аспекти на проституцијата се криминализирани, стравот од апсење на нив самите или на нивните клиенти значи дека често на брзина ги бираат клиентите“, вели Луси Плат, главната авторка на студијата.

Стравот од полицијата значи дека сексуалните работници имаат помалку време за преговори за видот на услугата и дека ја одработуваат работата во зафрлени места, додава Плат, професорка на лондонската Школа за хигиена и тропска медицина. Поради тоа се поизложени на кражби и насилство, истакнува таа.

Истражувањето, објавено во магазинот ПЛОС медисин, ги анализирало податоците од над 130 студии во 33 држави, од Британија до Уганда, објавени во научни списанија од 1990 до 2018.

Експертите утврдиле дека сексуалните работници на кои им се заканува полициска сила, апсење или притворање, три пати почесто доживеале сексуално или физичко насилство од клиентите, партнерите или други луѓе. Од друга страна, оние кои не се исложени на тоа се двојно помалку заразени со ХИВ и други сексуално преносливи болести и трипати поретјо практикуваат секс без презервативи.

„Декриминализацијата на сексуалната работа е итно потребна“, вели коавторката на студијата Пипа Гренфел.

Здружението на англиски сексуални работнички кои се залага за легализација вели дека истражувањето ги потврдува нивните искуства.