Студентското здружение „Природник“ распиша фото-конкурс на тема „Лето во Македонија“

Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“, во рамките на Студентската конференција за глобални климатски промени СКГКП, а поддржани од Универзитетско студентско собрание – УКИМ, го организира третиот по ред Геофотоконкурс на тема: Лето во Македонија.

Геофотоконкурсот е дел од кампањата на студентите географи за промовирање на домашниот туризам кој од една страна ќе ја запознае јавноста со убавините на државата, а од друга страна ќе ги помогне локалните бизниси и сограѓаните во борбата со економската криза предизвикана од пандемијата.

Наградите се:

1. Прво место место од Комисија (3500 денари)
2. Второ место од Комисија (2500 денари)
3. Трето место од Комисија (1500 денари)
4. Награда од публика (3000 денари) – доколку Студентската конференција се одржи со физичко присуство, учесниците ќе гласаат за најдобрата фотографија а доколку е онлајн, фотографијата ќе се избере по пат на гласање на социјалните мрежи.

Наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2021 година.

Наградените фотографии ќе бидат презентирани и на веб страната на Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник” – Скопје www.izsg-prirodnik.com.mk како и на официјалните профили на Здружението на социјалните интернет медиуми (Facebook, Instagram).

Кој може да учествува?

Право на учество имаат сите граѓани на Р.Македонија без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност.

До кога трае конкурсот?

Испраќање на фотографии – 08.08.2020 до 31.08.2020 година (гласање и прогласување на победници во текот на месец септември)

– Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавени во заеднички албум на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” по завршување на рокот на испраќање на фотографии.
– Членовите на комисијата ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени
– Доколку Студентската конференција се одржи со физичко присуство, за наградата од публика, учесниците ќе гласаат за најдобрата фотографија а доколку е онлајн, фотографијата ќе се избере по пат на гласање на социјалните мрежи.
– Победниците ќе бидат објавени на крајот од септември 2020 година, на веб страната и фан страната на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” како и на завршна изложба – доколку дозволуваат условите!

На кој начин може да бидат испратени фотографиите?

Апликација:
– Учеството е бесплатно.
– Еден автор може да испрати најмногу 3 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
– Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-3) (пример: StefanStefanovski_MavrovskoEzero _1.jpg).
– Испратете ги вашите фотографии на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com
– Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот – и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.

За фотографиите:
– Препорачан формат е најмалку JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.
– Фотографијата потребно е да содржи природно географски аспекти од областа каде што е направена (фотографиите кои не содржат природно географски аспекти ќе бидат дисквалификувани)
– Фотографиите треба да ја доловат и промовираат Македонија како туристичка атракција и микс на природа, храна, традиција итн.
– Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба и за потребите на изработка на календарот за 2021 година).

Членови на Комисијата за наградување:

Одлуката на Комисијата е конечна. Организаторите го задржуваат правото да дисквалификуваат фотографии кои не ги исполнуваат условите на конкурсот.

1. Природно математички факултет Скопје – Институт за географија;
2. Природно математички факултет Скопје – Институт за географија;
3. Организациски одбор на Студентската конференција за глобални климатски промени
4. Истражувачко здружение на студенти географи “Природник”
5. Факултетско студентско собрание на ПМФ

Авторски права, одговорност и објавување.

Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите. Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога се објавени.

Со учество во натпреварот, натпреварувачот им дава право на организаторите за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:
– Промовирање на геофотоконкурсот во публикации на организаторот, неговата веб страна и во медиуми.
– Сите пристсигнати фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот Истражувачко здружение на студенти географи „Природник” за изложби и негово рекламирање и публикации.
– Употребата на фотографии за други цели освен оние споменати во текстот погоре, единствено може да продолжи после консултација со фотографот. Права на фотографиите немаат агенции или издавачи. Организаторот не превзема одговорност за акции преземени од трети страни.

Забелешка:

Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.