Студентското организирање низ кратки анимирани видеа

Младинскиот образовен форум (МОФ) изработи серијал видеа за студентско организирање, кои го актуелизираат и објаснуваат студентското организирање како едно од клучните прашања поврзани со квалитетот на високото образование како и студентската репрезентативност во академската заедница. Видеатa се изработени како дел од проектот „Онлајн студентски собранија“.

Преку кратките и анимирани информативни видеа целта е студентите да можат подобро да се запознаат со начинот на кој што функционираат студентските собранија, нивната улога во процесот на донесување одлуки на факултетско и универзитетско ниво како и историјат и појаснување на студентското организирање како такво.

Преку овој проект, МОФ цели да ја зголеми демократичноста, плурализмот и информираноста на студентите за идните студентски избори во Македонија низ креирање на онлајн платформа и серијал видеа.

Видеaта, кои можете да ги погледнете во продолжение, се изработени од Младински образовен форум и истите се поддржани од проектот PTX Macedonia, спроведуван од Demoracy Lab, Peacetech Lab со поддршка од Амбасадата на САД.