Студентското организирање како предуслов за квалитетно високо образование – јавна трибина на МОФ

Младинскиот образовен форум изминатиов период работеше на анализа на правните документи кои ја поставуваат рамката за функционирање на студентските претставнички тела (Студентските парламенти) на државните универзитети во Македонија, како и досегашната пракса на работење на истите.

Во изработената анализа се дискутираат учеството на студентите во универзитетските и факултетските тела, организациската поставеност и работата на студентските парламенти на сите државни универзитети во Република Македонија. Публикацијата ги дискутира и формите на организирање на матичните факултети на УКИМ, и европските практики.

По повод промоцијата на изданието, МОФ организира јавна трибина на која ќе се дискутира темата за студентското организирање како предуслов за квалитетно високо образование.

Како говорници на трибината, свои излагања ќе имаат:

1. Проф. Д-р Димитар Гелев
[Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“]

2. Ивана Туфегџиќ
[Студентски пленум]

3. Александар Стојановски
[поранешен студентски активист]

4. Александра Живковиќ
[Младински образовен форум]