Студентско предавање за нееднаквоста со Бранимир Јовановиќ

Младинскиот образовен форум (МОФ) го најавува третото отворено предавање на тема „Збор-два за нееднаквоста“  кое ќе се одржи на 5-ти јуни, во 18:00 часот во просториите на Јавна Соба, Скопје, а предавач ќе биде Бранимир Јовановиќ.

Јовановиќ е економски истражувач, моментално вработен како доцент на Институтот за општествени и хуманистички науки. До скоро беше ангажиран како советник на Министерот за финансии, задолжен за даночни прашања. Има докторат од
Универзитетот во Рим „Тор Вергата“ и магистратура од Универзитетот Стафордшир во Велика Британија. Нееднаквоста и сиромаштијата се негови главни полиња на преокупација.

На предавањето Јовановиќ ќе зборува за економската нееднаквост – зошто таа е штетна и зошто треба да се грижиме за неа и што треба да се направи за нееднаквоста да се намали.

Изборното предавање е организирано во рамки на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено Општество. Целта е алумни стипендистите, преку своето стекнато знаење на различни престижни универзитети и факултети, да придонесат кон развој на општествениот дискурс помеѓу младите во државата, преку нивно информирање за релевантни општествени теми.

Ова предавање е третото изборно предавање од циклус предавањата организирани од страна на Младински образовен форум. Во текот на месеците јуни– јули, МОФ ќе организира уште 2 предавања поврзани со различни општествено релевантни тематики.