Студентско движење – формално го има, реално тешко функционира

Формално го има, реално тешко функционира. Студенското движење во Македонија, има капацитет, но тој мора и треба треба да се искористи, заклучија дел од учесниците на на деветтата по ред јавна дебата на Здружението Диверзити Медиа насловена „Студентско движење – во место“.

Студентско движење - формално го има, реално тешко функционира

Според Мартин Алексовски од Младинскиот образовен форум, и покрај оценките дека студентските движења се пасивни, а студентите незаинтересирани, тој верува дека студентскиот активизам во Македонија  има перспектива.

„ Било каков активизам нека е и по социјални мрежи, сајтови е подобар отколку да немаме активизам или општествена ангажираност во борба за правата на студентите. Сметам дека, да, има активизам и за било какви настани има плодна почва и простор за расположеност кај другите студентски организации да се вклучуваат во оваа студентска организираност“, вели Алексовски за кого голем проблем е тоа што студентските организации на матичните факултети, каде што активноста треба да е најразвиена ,a имаат членство кое незнае ниту дека постојат.

За новинарката Мирослава Симоновска, голем проблем е тоа што студентското движење постои главно во својата формално – правна смисла, но реално вели таа, кога треба да настанат промени и да се работи на некои општествени текови и политики, студентското движење не дава резултати.

„Верувам дека мал број на студенти знаат дека со самото запишување на универзитет веднаш стануваат членови на студентскиот парламент. Ако веќе се членови на една организација треба да се залагаат за принципите и идејата на таа организација, да се борат и да бидат застапници на некоја политика за подобар студентски живот и стандард“, забележува Симоновска.

Друг проблем, вели таа, е се повидливата партизацијата на студентските организации, посебно во случаите кога „партиското“ се става над „студентското“.

Од Излез пак, кои чии претставници исто така беа дел од дебатата, сметаат дека студентските движења треба да излезат од досегашните рамки, а културната иницијатива би можела да биде добар почеток.

Диверзити медија најавуваат низа вакви дебати со цел да се поттикне интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог.