Студентски штрајкови кои ја покажуваат силата на студентите

Насекаде низ светот, многупати досега студентите преку штрајкови успевале нивните барања да бидат исполнети. Иако има многу специфични случаи, локални политики и различни економски состојби, генералниот тренд е јасен: ограничувањето на демократијата може да предизвика голема колективна сила.

Мексико, 1999

Во 1999 година, претседателот на Националниот автономен универзитет на Мексико (UNAM) најавил дека школарината ќе порасне од еквивалент на 2 центи на 150 американски долари за семестар. Порастот на цените бил закана за многу студенти, кои не би можеле да си дозволат да ги завршат студиите. Студентите се спротивставиле на оваа одлука организирајќи штрајк.

Речиси 25 илјади студенти биле присутни на штрајкот. Одлуките се правеле колективно, преку дискусии во факултетите и универзитетските парламенти во кои учествувале сите студенти кои штрајкувале. Кампусите на UNAM биле окупирани со цел да се зголеми штрајкувачкото тело, а поради тоа на предавање не биле присутни 270 илјади студенти.

По седум недели штрајкување, администрацијата на UNAM понудила компромис: доброволни школарини за сите студенти. Штрајкувачите не го прифатиле тоа, и во замена побарале институционална промена наместо мали промени во уредувањето на универзитетите. Не успеале да победат и да им бидат исполнети барањата, но нивниот отпор стана симбол на противење на поширока владина агенда на приватизација и репресија, инспирирајќи ја јавноста да излезе на улица и да побара промена.

Колумбија, 2011

Во 2011 година, колумбиската влада предложи целосна приватизација на колумбискиот високообразовен систем. Студентите свикаа состанок на национална база на почетокот на 2011 година, за да дискутираат како да го прошират студентското во масовно движење во кое ќе се вклучат сите од колумбиското општество: спортски тимови, уметници, академици итн. На тој состанок, се роди MANE (Национален студентски парламент).

Стратегијата на оваа организација имаше две основни компоненти: прво, национални денови за штрајкување. Второ, позитивна визија за тоа како треба да изгледа високото образование. Напишале и листа на шест барања во кои биле вклучени потребите на студентите, демократијата и социјалната застапеност во академското образование и барање за поголема демократска слобода. Овие барања резултирале со поголема вклученост на сите слоеви на општеството, кои го прошириле движењето надвор од студентската организација. Поради големиот притисок од MANE и јавноста, до крајот на 2011 година владата се откажала од приватизацијата на државните универзитети.

Квебек, 2012

Студентите од Квебек се спротивставиле на обидот на владата да ги зголеми школарините, во период на голема инфлација од 1968 година. Најбројната унија на студенти ASSE (Association for Student Union Solidarity), стапила во коалиција со друга група и се формирала CLASSE (Broad Coalition of ASSE), и започнале да мобилизираат. По огромна кампања за политичко образование, започнале со најавите за штрајк.

Она што следувало бил најголемиот општ студентски штрајк во историјата на Квебек: 250 илјади студенти штрајкувале 6 месеци. Масовните демонстрации ги затвориле кампусите и ја довеле владата во таква криза, што ситуацијата довела до предвремени избори и укинување на порастот на школарините.

Бразил, 2015

Во Бразил во изминативе години владејачката Работничка партија имплементираше агенда според којa е намален буџетот за јавните услуги и се пораснати нивните цени. Како одговор на намалувањето на универзитетскиот буџет, студентите, предавачите и персоналот во кампусите од повеќето бразилски универзитети  решија да преземат координиран штрајк. Штрајкот започна пред околу 100 дена, а сите учесници имаат само едно барање: да се зголеми буџетот. Досега во штрајкот се вклучија 50 универзитети, а студентите имаат формирано свои одбори за штрајк со цел да се поддржи и прошири акцијата.

Извор: Wire