„Студентски саем на книгата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“.

На саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени. По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори.

Со купени две книги, НУБ „Св. Климент Охридски“ подарува уште една книга по избор на посетителот. За време на Саемот, библиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени.

Саемот се организира со почитување на мерките предвидени со протоколите за организирање на настани од културата.