Студентски протести во Србија

Околу две илјади студенти денеска се собраа пред министерството за образование во Белград протестирајќи против измените на Законот за високо образование усвоени на почетокот на септември. Студентите се незадоволни поради помалиот број рокови за полагање и бараат да продолжи финансирање од буџетот на апсолвентскиот стаж, проблеми кои се јавија поради измените во Законот за високо образование усвоени минатиот месец.

10665930_304062953135357_1111676558353777966_n

Иако студентитете беа повикани на разговор со претставници на Министерството за образование, нема беше постигнат договор за студентските барања. Тие најавуваат нови протести во понеделник, на 13 октомври, ако во текот на оваа седмица не се најде заедничко решение со ресорниот министер.

Од министерството за образование пак велат дека е неразбирливо зошто студентите излегуваат на протести дури еден месец по усвојувањето на новиот закон и додаваат дека остануваат отворени за сите предлози.

Организаторите на протестот се Студентската конференција на универзитетите од Србија како чадор – организација на студентите, како и студентските парламенти на Универзитетот во Белград и Универзитетот за уметности.

Белград

Студентите денеска низ Белград скандираа „Законот нема да помине“ и „Крадци“, носејќи транспаренти на кои пишува „Студирање на вода“ или „Му тече носот, да не е можеби докторат“.

Краткорочните барања на студентите се во учебната 2014/2015 година да се дозволат 6 задолжителни испитни рокови, а студентите кои се запишани во прва година во учебните 2010/2011, како и 2011/2012 да го задржат правото да бидат финансирани од буџетот најдолго до една година по истекот на редовниот рок за студирање, како што било и досега.

Долгорочните барања пак се да започне да се работи на нов Закон за високо образование со активно учество на студентските претставници, како и да се бараат долгорочни решенија за проблемот со квалитетот на наставата, обемните и недоволно дефинирани студиски програми и курсеви.

Организаторите најавија дека денеска ќе има протести во Нови Сад и Косовска Митровица, а за утре е најавен протест и во Нови Пазар.

Извор: Б92