Студентите од Универзитетот во Капошван, Југозападна Унгарија ги соблекоа алиштата за време на предавање, а во знак на протест поради новиот „дрес код“ воведен од управата на универзитетот. Како што пренесе БиБиСи, на групата студенти им се придружи и професоркa која го водеше часот во една од училниците на универзитетот.
Со новиот дрес-код , се забрана на носење блузи со длабоко деколте, кратки здолништа и пирсови за време на часови и испити. Машките студенти пак од 1 октомври се обврзуваат да носат темни костуми. Според најавите протестот кој почна во четвртокот, ќе продолжи и во понеделник. Тогаш студентите низ кампусот ќе маршираат облечени во шорцеви и апостолки.