Студентски претставници од Хонгконг лично ќе ги достават своите барања на властите во Пекинг

Студентски претставници од Хонгконг планираат утре да отпатуваат за Пекинг со цел да се сретнат со високи кинески службеници и да го достават барањата за повеќе права при изборот на следниот лидер на специјалниот административен регион.

[Хонг Конг протести] Сè што треба да знаете за чадор - револуцијата

Еисан Чун, член на студентската група што имаше главна улога во организирањето на уличните протести во Хонгконг пред два месеци, изјави дека тој и двајца негови колеги веќе имаат авионски билети за патувањето.

Ако групата добие дозвола за влез на територијата на континентална Кина, тие планираат да бараат прием кај премиерот Ли Кецијанг и други официјални лица.

Студентите веќе бараа од вториот човек во Владата на Хонг Конг како и од поранешниот лидер Тун да им биде договорена средба, но беа одбиени.

Протестите започнаа пред повеќе од еден месец како продемократска борба за повеќе изборни права.

Хонг Конг до 1997 година беше британска колонија, потоа Велика Британија го врати на Кина. Досега во Кина владееше принципот – една држава, два системи кој требаше да трае до 2047, иако никогаш не се дефинираше што ќе се случи понатаму.

Граѓаните во Хонг Конг веќе подолго време чувствуваат дека нивниот град се издвојува од Кина, благодарение на граѓанските слободи и одделните правни и финансиски системи кои доаѓаат под принципот „една земја, два системи“.

Се започна со мирни протести на студентите пред седиштето на градските власти, во финансиската област наречена Централ, откако беше објавен контроверзниот план за избори во Пекинг за 2017 година.