Студентски пленум и во Прилеп на 1 декември

Студентски пленум и во Прилеп на 1 декември Првиот студентски пленум во Прилеп, на кој се поканети да учествуваат сите студенти и средношколци во градот, ќе се одржи во паркот „Ченто“ на 1 декември во 18 часот, најавуваат студентите-иницијатори.

„Добредојдени се сите студенти, но и средношколци кои сакаат да се вклучат во дискусијата за актуелните студентски проблеми и реформата “државен испит” која се планира“, се вели во најавата на настанот.

По основањето на Студентскиот пленум на студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и големиот студентски марш од 17 ноември, и студентите од другите градови во кои има универзитети се организираат за да го кажат своето мислење за најавената реформа и државниот испит. Пленуми се одржуваат во Битола, како и во Штип, каде студентите одржаа протестен марш на 24 ноември.