Студентски пленум – УКЛО: Добиме дојава дека се организираат контра -протести

Студентскиот пленум УКЛО, кој за денеска напладне ја најави окупацијата и прогласувањето автономна зона на Техничкиот факултет- Битола соопшти дека добиле дојава за организирање протести од контра-студенти кои се противат на активностите на пленумот. Битолските студенти велат дека ваквите најави нема да ги натераат да се откажат од окупацијата и апелираат за што поголема масовност.

– Добивме дојава дека утре, при прогласувањето на ‪Автономна зона‬ на Техничкиот факултет во Битола, ќе нè пречекаат „Сакаме да учиме“ или контра-студентите, по партиска директива. И ние сакаме да учиме, а утре ќе ви покажеме како тоа се прави, односно како ние го замислуваме образовниот процес! Слободен, независен и квалитетен! Еве, ние од Студентскиот пленум како единствено легитимно студентско движење уште од сега им кажуваме дека аргументирано сме подготвени за секакво опструирачко сценарио од контра-студенти кое претпоставуваме дека ќе случи. Дојди и приклучи се! МОН окупира, Пленумот – еманципира! – порачуваат битолските пленумци.