Студентски пленум: НЕ за дебата која ќе го погреба високото образование

За Студентскиот пленум, дебатата која првично требаше да се одржи во хотелот „Александар Палас“, а премиерот ја презакажа за во собрание е дебата „про форма“ и велат дека не сакаат да бидат дел од нечија агенда.

Според нив смешно е да се дебатира за закон кој е веќе во второ читање во Собранието. За студентите е неприфатливо повеќе од три месеци и неколку протести никој да не ги слушне, а „сега оддеднаш да се организираат дебати без никаква смисла“.

Погледнете ја изјавата од Студентскиот пленум во видеото на А1ОН:

За студентскиот пленум, смешни се и нивните колеги од Студентскиот парламент кои преку изјави за медиумите се обидувале да прикажат конструктивност и дијалог, а претходно молчеле цели три месеци.

„Ниту сме повикани на ваква дебата ниту пак сакаме да бидеме дел од ваква дебата. Ние сакаме да дадеме лигитимитет на дебата која е само про форма на владата само за да ги задоволи својата агенда и дебата на која би се слушнале само нашите аргументи и ставови кои ги трубиме три месеци и истите потоа ќе бидат грубо игнорирани. Порачуваме дека тука не дојдовме да дебатираме, дојдовме да посведочиме на дебата која што ќе го погреба високото образование“, изајвија преставниците на Студентски пленум.