Студентски натпревар за најдобар бизнис план со енергетска ефикасност

Започна пријавувањето за учество на бизнис план натпреварот во рамки на платформата за енергетска ефикасност каде може да се пријават студенти од економските и техничките факултети.

Студентски натпревар за најдобар бизнис план со енергетска ефикасност

Студентите ќе се натпреваруваат со креирање на бизнис планови со интегрирани елементи на енергетска ефикасност, а целта на натпреварот е да се подигне свеста за значењето на енергетската ефикасност во секојдневнто работење и да се создаде навика овој сегмент да се интегрира во стратешкото планирање.

Пријавувањето ќе трае до 10.04.2014 година, а право на учество имаат студенти од било која студиска година кои ќе треба да се пријават во форма на тим и тоа со најмалку двајца, но најмногу шест членови (со препорака тимот да е мултидисциплинарен).

Студентите од пријавените групи ќе бидат дел од воведна обука што ќе се оддржи во рамки на Саемот за образование и наука (од 10-12 март). Учесниците на обуката ќе добијат насоки за изработка на проектите и тоа: модел за изработка на бизнис план и насоки за пресметка на енергетски заштеди.

Најдобрите три бизнис планови ќе бидат наградени со парични награди од 30.000, 18.000 и 9.000 денари.