Студентски митинг „Не биди медиумска мета“ утре пред платото на УКИМ

Под мотото „Не биди медиумска мета“, утре од 11 часот ќе се одржи студентски митинг пред платото на УКИМ.

„Целта е јакнење на медиумската писменост кај студентите со акцент на тоа колку е важно да не бидат жртва на медиумите, но и промоција на проектот помеѓу студентите и средношколците. На овој настан ќе говорат: претставници на МИЕС и студенти на УКИМ. Ќе бидат пратени пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во РМ“, стои во соопштението за настанот.

Пораките од настанот ќе бидат: „не биди мета“, „јас имам свој идентитет“, „доста со дезинформации“, „доста со манипулации“, „јас не сум вмрежен“, „студентите се авангарда“…

Исто така, митингот е со цел да испрати порака до релевантните инстанци во државата забразано да го имлементираат концептот медиумска и дигитална писменост во конвенционалното образование.

„Не биди медиумска мета“ е хепенинг во рамки на истоимениот проект во организација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС).