Студентски хакатон за подобро високо образование

Тимот „Воид“ е победник на студентскиот хакатон кој викендов се одржа во Младинскиот образовен форум, каде што 36 часа студентите од технолошките факултети програмираа апликации за подобрување на состојбите во високото образование во Македонија.

Со апликацијата која ја направи тимот „Воид“ ќе им се овозможи на компаниите и работодавачите да објавуваат повици за практиканска работа, додека студентите ќе можат да најдат место каде и практично би ја изучувале материјата научена на факултет.

На хакатонот учествуваа седум тима кои работеа под менторство на искусни програмери од Хаклабот КИКА.
Тие најмногу се фокусираа на проблемите во високото образование како непостоењето на виртуелен простор за редовна дискусија на студентите и професорите, на проблемот со меѓународниот превоз и наоѓањето на квалитетна студентска пракса.

Дел од предложените идеи беа и евалуацијата на предметите и професорите, како и рангирањето на работата на универзитетите според критериуми како техничка опременост, можност за практична работа, квалитетот на наставно научниот кадар.