Студентка од Белград прогласена за најдобар светски дебатер од неанглиско говорно подрачје

Студентката од Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, Хелена Иванов,  во категоријата англиски како втор јазик, е прогласена за најдобар дебатер на Светското универзитетско дебатно првенство кое се одржа во Индија. Хелена Иванов и Стефан Сириѓански, студенти од трета година на Факултетот за политички науки, остварија голем успех на 34-то Светско дебатно првенство, објави РТС.

Студентка од Белград е прогласена за најдобар оратор на Светското универзитетско дебатно првенство

Во конкуренција на повеќе од 400 тимови тие во категоријата англиски како втор јазик се избориле со учество во финале во кое дебатирале на темата „Овој дом би им дозволил на земјите да плаќаат на други земји за да ги примат азилантите кои ќе стигнат до нивните граници“.

Покрај нив, голем успех оствариле и студентите на Факултетот на организациски науки Виктор Прља и Горан Јанкулоски кои се пласираа во категоријата англиски како мајчин јазик, што е втор ваков случај во историјата на овој натпревар.

Ова е значаен резултат бидејќи белградските студенти покажаа дека познавањето на англискиот јазик не е единствен услов за постигнување на успех, туку учеството на турнирите и постојаните вежби можат да доведат до тоа, еден тим на кој англискиот не му е мајчин јазик, сепак да се натпреварува на најдобрите светски дебати, посочува РТС.

Прља и Јанкулоски исто така се прогласени за четврти и шести најдобар дебатер во светот во категоријата англиски како втор јазик.

На Светското првенство во Ченај,  Индија оваа година учествувале 800 студенти од целиот свет, а натпреварот е познат и како „Олимпијада на дебатирањето“. Ова е најголемото годишно меѓународно собирање на студентите на кое учествуваат околу 250 универзитети ширум светот.