Студентите во „Стив Наумов“ биле без парно десет дена?!

Порталот „Плусинфо“ објави писмо од студент кој живее во студентскиот дом „Стив Наумов“, кој тврди дека веќе десет дена е исклучено парното греење, а студентите се препуштени сами на себе да се снајдат како ќе се загреат во деновите кога температурите паднаа најниско. Вистински проблем е ноќе, затоа што струјата им ја исклучувале секоја вечер, поради што не можеле да ги користат греалките, в ели студентот во писмото до „Плусинфо“

– Јас сум студент кој живее во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје и еве 10-ти ден како овде нема парно греење. Покрај тоа што нема парно, секоја вечер ни ја исклучуваат и струјата. Се шпекулира дека управата не ги платила сметките. Изреволтирани сме од однесувањето на власта и тоа што гледаме како се трошат пари на секакви глупости, а ние студентите немаме основни услови за живот. Замислете како е да се живее во јануари без парно и струја – во 21. век?!  – раскажува студентот кој единствениот излез од неправедната состојба го пронашол во апел преку медиумите.

„Кога се јавивме во управата на домот ни рекоа дека парното било пуштено претпладнево, но немаат информација колку време ги оставиле студентите без греење“, велат од „Плусинфо“

За вечерното исклучување на електричната енергија објаснуваат дека причина е дефект во инсталацијата кој додека бил поправан морало да се прекине електричниот напон.

Директорот на домот „Стив Наумов“ засега е недостапен да ги објасни причините за недостатокот од греење во домот.

Извор: Плусинфо